Предавање на тема „Психосоцијални аспекти на онколошките заболувања“
- -Предавањето ќе биде насочено кон разбирање на психолошките реакции кај онколошките пациенти, со цел унапредување на поддршката што им се обезбедува, како и развивање практични вештини кај студентите по психологија и идните здравствени работници. Учесниците ќе имаат можност да се запознаат со современи пристапи во психосоцијалната грижа, како и со значењето на интегрирањето на менталното здравје во третманот на пациентите со онколошки заболувања, стои во соопштението на Славјанскиот универзитет.
Свети Николе, 8 април 2026 (МИА) - По повод Светскиот ден на Психо-онкологијата #WPOD2026 Меѓународниот Славјански универзитет организира стручно предавање на тема „Психосоцијални аспекти на онколошките заболувања“.
Предавач е м-р Розита Андонова, психолог и психотерапевт од ЈЗУ Општа болница Гевгелија, која преку своето професионално и долгогодишно искуство ќе сподели практични знаења и насоки за работа со оваа категорија пациенти.
-Предавањето ќе биде насочено кон разбирање на психолошките реакции кај онколошките пациенти, со цел унапредување на поддршката што им се обезбедува, како и развивање практични вештини кај студентите по психологија и идните здравствени работници. Учесниците ќе имаат можност да се запознаат со современи пристапи во психосоцијалната грижа, како и со значењето на интегрирањето на менталното здравје во третманот на пациентите со онколошки заболувања, стои во соопштението на Славјанскиот универзитет.
Настанот којшто ќе се одржи со почеток во 11 часот, се реализира во рамки на глобалната иницијатива World Psycho-Oncology Day 2026, поддржана од International Psycho-Oncology Society, чија цел е подигнување на свеста за важноста на психосоцијалната поддршка во онколошката грижа и нејзино интегрирање во современите здравствени системи. нд/
Фото: МИА архива