• петок, 20 февруари 2026

Почнуваат првите месечни „Кино средби" што ги организира Францускиот институт во Скопје

Почнуваат првите месечни „Кино средби

Скопје, 19 февруари 2026 (МИА) - Со проекција на филмот „Романот за Џим“ (2024) од Арно Ларје и Жан-Мари Ларје, вечер во Кинотека почнува првото издание на месечните „Кино средби" што ги организира Францускиот институт во Скопје.

На средбите ќе се прикажуваат современи француски филмови и класици на француската кинематографија.

„Романот за Џим“ со Карим Леклу, Летиција Дош и Сара Жиродо, беше премиерно прикажан на Филмскиот фестивал во Кан 2024, беше номиниран за наградите Lumières de la presse étrangère за најдобар филм и најдобар актер, а Карим Леклу доби Цезар за најдобар актер 2025. мч/ац/

фото: плакат

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан