• петок, 20 февруари 2026

Комеморација во Драмски театар за актерката Ленче Делова

Комеморација во Драмски театар за актерката Ленче Делова

Скопје, 19 февруари 2026 (МИА) - Во Драмски театар денеска ќе се одржи комеморација за актерката Ленче Делова.

Семејството, роднините, колегите, пријателите и почитувачите, како што наведува Драмски, достоинствено, со збор, сеќавење, фотографија и снимка, ќе се потсетат на кариерата на македонската театарска, филмска и телевизиска актерка Ленче Делова.

Во 1970 година, Делова се вработила во Драмски театар - Скопје каде била професионално ангажирана сѐ до нејзиното пензионирање во 2013 година.

Ленче Делова почина на 15 февруари годинава, на 77 годишна возраст. мч/ац/

фото: Драмски театар - Скопје

Остани поврзан