• петок, 20 февруари 2026

Комедијата „Кец на десетка“ ќе одбележи јубилеј - 100-та изведба

Комедијата „Кец на десетка“ ќе одбележи јубилеј - 100-та изведба

Скопје, 19 февруари 2026 (МИА) - Една од најгледаните претстави на камерната сцена на Македонскиот народен театар (МНТ), комедијата „Кец на десетка“, вечерва, во 20 часот, ќе одбележи јубилеј - 100-та изведба.
 
- Девет години по премиерната изведба, претставата и понатаму живее со ист интензитет и сценски ритам освојувајќи ја публиката одново. Во изминатите години, со безрезервна актерска енергија и посветеност на сцената, настапуваат: Александар Микиќ, Тања Кочовска, Нина Деан/Софија Насевска-Трифуновска и Ивица Димитријевиќ. Секоја изведба создава прецизна, искрена и непосредна комуникација со публиката, која е активен дел од заедничкото доживување. Комичните ситуации и спонтаната комуникација со публиката произлегуваат од вешто обликуваниот текст на Митко Бојаџиски и од колективната режија на Драган Спасов-Дац и Јордан Симонов, кои на претставата ѝ даваат препознатлив печат и автентичен сценски шарм - наведува МНТ.
 
Како што оценува МНТ, овој јубилеј потврдува дека „Кец на десетка“ е претстава со долготрајна сценска вредност и постојан интерес од публиката. мч/ац/

фото: МИА архива
 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан