Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ ќе го одбележи Меѓународниот ден на мајчиниот јазик
- Настанот ќе биде збогатен со читање поезија од ученици од основните и средните училишта.
Скопје, 19 февруари 2026 (МИА) - Во амфитеатарот на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ - Скопје, денеска, ќе биде одбележан Меѓународниот ден на мајчиниот јазик.
Најавено е поздравно обраќање на директорката на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, проф. д-р Елена Јованова-Грујовска.
Пригодно обраќање на тема за значењето на мајчиниот јазик ќе има проф. д-р Гоце Цветановски, научен советник во Институтот за македонски јазик.
На свеченоста ќе настапи актерот Никола Ристановски. Настанот ќе биде збогатен со читање поезија од ученици од основните и средните училишта. мч/ац/
Фото: МИА архива