Во Штип почнува оценувањето на Лесната пешадиска баталјонска група во рамките на вежбата „Блесок 26“
- Во рамките на вежбата „Блесок 26“, денеска, во касаната „Јане Сандански“ во Штип, ќе почне процесот на оценување на Лесната пешадиска баталјонска група, со цел исполнување на НАТО-целите на способности.
Скопје, 20 април 2026 (МИА) - Во рамките на вежбата „Блесок 26“, денеска, во касаната „Јане Сандански“ во Штип, ќе почне процесот на оценување на Лесната пешадиска баталјонска група, со цел исполнување на НАТО-целите на способности.
Вежбата, која почна вчера, а ќе трае до 27 април на повеќе локации, е продолжение од серијалот вежби „Македонски блесок“ и претставува важен чекор во процесот на развој на оперативните капацитети на Армијата.
Главна цел на вежбата е да се изврши оценување на борбените способности на Лесната пешадиска баталјонска група (ЛПБГ), како и нејзината подготвеност за извршување оперативни задачи во реални услови. бк/са/
фото: МИА