• сабота, 21 февруари 2026

Во Скопје панел-дискусија „Зајакнување на управувањето со државната помош во Западен Балкан: транспарентност, ефективност и усогласување со ЕУ“

Во Скопје панел-дискусија „Зајакнување на управувањето со државната помош во Западен Балкан: транспарентност, ефективност и усогласување со ЕУ“

Скопје, 17 февруари 2026 (МИА) - Панел-дискусија „Зајакнување на управувањето со државната помош во Западен Балкан: транспарентност, ефективност и усогласување со ЕУ“ ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Институтот за економски истражувања и политики „Finance Think”.

- Настанот ќе даде преглед колку земјите од Западен Балкан трошат на државна помош, дискусија за заедничките предизвици и разгледување на регионалните пристапи за унапредување на транспарентноста и ефективноста на управувањето со државната помош, се наведува во соопштението на организаторите.

Настанот е регионален, и има повеќе од 40 претставници од институции на останатите земји на Западен Балкан.

Најавено е учество на министерката за финансии Гордана Димитриеска - Кочоска. бд/дма/

Фото: Соопштение

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан