Националниот координатор Салко Куч во посета на Општина Маврово и Ростуше
- -За нас, различностите не се пречка, туку огромна вредност, а меѓусебната соработка е единствениот темел на кој можеме да градиме вистински напредок за сите граѓани, истакнал градоначалникот Јакупоски.
Дебар, 1 април 2026 (МИА) - Националниот координатор за меѓуетничка и меѓуресорска соработка, Салко Куч денеска беше во посета Општина Маврово и Ростуше, каде најпрво имаше средба со градоначалникот Онер Јакупоски.
Според општинскиот сектор за информирање посетата била во насока на понатамошно унапредување и зајакнување на меѓуетничкиот дијалог во регионот.
-На средбата беа потврдени веќе воспоставените одлични односи помеѓу сите етнички и религиски заедници во општината, кои со децении претставуваат пример за соживот, додаваат од секторот.
Соговорниците разговарале за конкретни начини за уште поголемо јакнење на меѓусебната доверба и почит, како и за иницирање на дополнителни активности кои ќе придонесат кон подобра социјална кохезија.
-За нас, различностите не се пречка, туку огромна вредност, а меѓусебната соработка е единствениот темел на кој можеме да градиме вистински напредок за сите граѓани, истакнал градоначалникот Јакупоски.
Додал дека Општина Маврово и Ростуше останува цврсто посветена на градење инклузивна, солидарна и обединета заедница. вт/нд/
Фото: Општина Маврово и Ростуше