• четврток, 25 декември 2025

Нацева: По осум години повторно организиран дочек на Нова Година во Неготино 

Нацева: По осум години повторно организиран дочек на Нова Година во Неготино 

Неготино, 19 декември 2025 (МИА) - По цели 8 години, конечно повторно имаме дочек на Новата година на градскиот плоштад, информираше денеска неготинската градоначалничка Марија Нацева, на својата Фејсбук страница. 

-Ве поканувам заедно да ја почувствуваме новогодишната магија и да ја затвориме годината со музика и празничен дух. На 31 декември од 12 часот, плоштадот ќе биде исполнет со детска радост и празнична атмосфера наменета за нашите најмлади жители. Со нив ќе се дружат омилените ликови Гринч и Стич, а од 12:30 часот настапува и Пајак. Од 22:30 часот, ја пречекуваме Новата 2026 година со концерт на Татјана Стефановска и Влатко Миладиновски, во придружба на Златко и оркестар. Ве очекувам заедно да ја испратиме старата и да ја започнеме новата година, напиша Нацева. свд/вј/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан