• петок, 20 февруари 2026

Наполи загуби од Комо на пенали во четвртфиналето на Копа Италија

Наполи загуби од Комо на пенали во четвртфиналето на Копа Италија

Неапол, 11 февруари 2026 (МИА) – Фаворитот Наполи е елиминиран во четвртфиналето на Купот на Италија. Комо беше поуспешен во пресметката со наполитанците, откако синоќа победи на пенали со 7:6 (1:1 по основните 90 минути).

Фудбалерот од средниот ред на Комо, Мартин Батурина, реализираше пенал кон крајот на првото полувреме за да го отвори резултатот. Веднаш по паузата, Антонио Вергара го постигна израмнувачиот погодок.

Играчите на Комо беа попрецизни во изведувањето на пенали. Ромелу Лукаку и Станислав Лоботка ги промашија своите обиди за Наполи. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас успешно го реализира пеналот за домашниот тим.

Комо ќе се соочи со Интер во полуфиналето на Купот на Италија. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан