• четврток, 25 декември 2025

Намалена видливост поради магла на неколку патни правци низ државава

Намалена видливост поради магла на неколку патни правци низ државава

Скопје, 21 декември 2025 (МИА) - Поради магла има намалена видливост на неколку патни правци низ државава, соопшти ЈП „Македонија пат“ апелирајќи на внимателно возење.

-Намалена видливост поради појава на магла до 30 метри на патниот правец Жировница – Луково, намалена видливост 150 метри во околината на Тетово, Штип, Петровец и Демир Капија, стои во соопштението.

Оттаму додаваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, додека на одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони. нд/аа/

Фото: МИА архива

Остани поврзан