• петок, 20 февруари 2026

Муцунски утре на министерски состанок за Коридорот VIII во Тирана

Муцунски утре на министерски состанок за Коридорот VIII во Тирана

Скопје, 17 февруари 2026 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре, во Тирана, ќе учествува на министерскиот состанок „Коридорот VIII во стратешкиот момент на Европа: Поврзаност, отпорност преку воена мобилност и споделен просперитет преку интеграција“.

Муцунски учествува на покана на министерката за Европа и надворешни работи на Албанија, Елиса Спиропали. 

На состанокот, како што информираат од Министерството, ќе стане збор за актуелните инфраструктурни проекти, што во моментот се операционализираат по должината на Коридорот VIII, како и за предизвиците со кои се соочуваат земјите, а за чие надминување е неопходно засилено политичко внимание. дма/са/

Фото: МНРиМТ

Остани поврзан