• понеделник, 12 јануари 2026

Муцунски: Ние имаме одлични билатерални односи со сите наши соседи

Муцунски: Ние имаме одлични билатерални односи со сите наши соседи

Скопје, 12 јануари 2026 (МИА) - Ние имаме одлични билатерални односи со сите наши соседи. Но, без никаква дилема нашата надворешна политика е втемелена во неколку фундаметални основи, од коишто примарна е целосната усогласен со заедничката надворешна безбедносна политика на Европската унија, за што ЕУ ни дава најголеми пофалби во сите свои извештаи, истакна денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, кој одговараше на новинарско прашање за обвинувањата на опозицијата за односот на власта кон некои од соседните држави. 

Министерот Муцунски вели дека детално ги следи пресовите кои доаѓаат од главната опозициска партија, за кои вели, „како човек туѓ срам ме јаде, кога ги читам дел од тие работа“.

-Значи прво наративот ако го читате, терминологијата којашто се користи од објавите коишто доаѓаат од опозицијата, едно е вие да имате критика, друго е да кажете како може подобро. Но, разочарувачки е од опозициска партија, предводена од универзитетски професор да излегуваат такви изрази, какошто излегуваат од страна на СДСМ. Ние имаме одлични билатерални односи со сите наши соседи. Но, без никаква дилема нашата надворешна политика е втемелена во неколку фундаметални основи, од коишто примарно е целосната усогласен со заедничката надворешна безбедносна политика на Европската унија, за што Европската унија ни дава најголеми пофалби во сите свои извештаи, а дополнително нашето членство во НАТО, нашето стратешко партнерство со Соединетите Американски Држави (САД) - вие кога ќе дискутирате со сите наши стратешки партнери, вклучително и ЕУ и нашите партнери во НАТО и САД ќе видете дека нема никаква дилема кај кој било од нив по однос на траекторијата, стратешката надворешна политика на нашата држава, изјави Муцунски.

Тој меѓу другото праша, кој министер за надворешни работи во рок од шест месеци се сретнал со државниот секетар на САД и со заменикот државен секретар на САД.

 -Ние сме клучниот стратешкиот партнер на САД во целиот регион и ова што го говорам јас не се бледи изјави во прес-рилсови, од страна на партијата предводена од господинот Филипче. Јас зборувам за апсолутни факти нотирани од страна на сите стратешки пријатели, а со сите наши соседи ќе имаме добри билатерални односи, бидејќи тоа е во природата на нашето функционирање. Тие билатерални односи не се единствено политички, туку се економски и трговски и културни и образовни. Меѓудругото со сите нашите соседи ние мора да соработуваме и заради сите наши компании, бидејќи голем дел од македонскиот извоз оди токму во овој регион, во којшто живееме и функционираме, вели Муцунски. вдј/вг/

Фото: МНР и НТ

 

Остани поврзан