• петок, 20 февруари 2026

Муцунски - Нејнски: Односите меѓу Скопје и Софија треба да се градат врз принципите на добрососедство, пријателство и конструктивна соработка

Муцунски - Нејнски: Односите меѓу Скопје и Софија треба да се градат врз принципите на добрососедство, пријателство и конструктивна соработка

Скопје, 20 февруари 2026 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна тргвија Тимчо Муцунски на „Фејсбук“ објави дека денеска телефонски разговарал со новоименуваната шефица на бугарската дипломатија, Надежда Нејнски.

- Упатив искрени честитки по повод нејзиното именување и ѝ посакав успех во извршувањето на функцијата. Во разговорот нагласив дека односите меѓу двете земји треба да се градат врз принципите на добрососедство, пријателство и конструктивна соработка. Воедно, иницирав билатерална средба, која би се реализирала во наредниот период - пишува Муцунски.са/вг/

Фото: ФБ Муцунски

Остани поврзан