Муцунски: Голем е потенцијалот за интензивирање на економската соработка со Словачка
- Автомобилската индустрија и енергетиката се само некои од секторите во кои Македонија и Словачка може да ја интензивираат економската соработка, а потенцијалот за зголемување на деловното партнерство е голем, оцени денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски пред почетокот на Македонско-словачкиот бизнис-форум, што се одржува во Скопје.
Скопје, 19 февруари 2026 (МИА) - Автомобилската индустрија и енергетиката се само некои од секторите во кои Македонија и Словачка може да ја интензивираат економската соработка, а потенцијалот за зголемување на деловното партнерство е голем - оцени денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски пред почетокот на Македонско-словачкиот бизнис-форум, што се одржува во Скопје.

Како што рече Муцунски, форумот е одлична можност за директни средби на стопанствениците од двете страни.
- Ние сме фокусирани не само на привлекување инвестиции туку и на зголемување на извозните потенцијали - истакна министерот.
Тој и неговиот словачки колега Ладислав Каменицки се очекува да го отворат форумот, на кој се присутни претставници на голем број компании и од Македонија и од Словачка. мч/са/
Фото: МИА