Мурињо по победата на Реал над Депортиво: Противниците дадоа сè од себе и нè натераа да играме сериозно
- Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, се осврна на победата со 1:0 над Депортиво во пријателски натпревар.
Мадрид, 13 август 2026 (МИА) – Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, се осврна на победата со 1:0 над Депортиво во пријателски натпревар.
- Беше сериозен тест против тим кој се врати во Ла Лига. Тие дадоа сè од себе и нè натераа да играме сериозно. Беше тежок натпревар. Морав да правам замени, не сакам да им давам премногу време за игра на истите играчи. Секој натпревар се игра да се победи, но важно е и да се даде време за игра на многу фудбалери.
Ќе имаме многу вакви тешки натпревари во лигата, на гостински терен, каде што не можете да сте сигурни до крајот на натпреварот кога резултатот е 1:0. Има многу позитивни работи, тимот расте. Одиме чекор по чекор, изјави Мурињо за „ESPN“.
Шпанското првенство 2026/27 ќе започне на 15 август и ќе заврши на 30 мај. Реал својот прв натпревар ќе го игра на 22 август на гости против Еспањол (2. коло), додека дуелот од 1. коло со Сосиедад ќе го има на 26 август на домашен терен. зс/
Фото: ЕПА