• четврток, 19 март 2026

Мојсоска бара вонреден надзор за сите што поседуваат дозволи за експлоатација во Струга

Мојсоска бара вонреден надзор за сите што поседуваат дозволи за експлоатација во Струга

Скопје, 26 февруари 2026

Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, преку социјалните мрежи информира дека поднела иницијативи до Министерство за енергетика и Министерство за животна средина и просторно планирање, со барање за вонреден инспекциски надзор над сите субјекти што поседуваат дозволи за експлоатација на територијата на Струга, но и над оние кои, според неа, работат незаконски и без важечки договори, се наведува во соопштението на Левица кое МИА го пренесува интегрално.

Според Мојсоска, безредието, институционалната пасивност и корумпираноста во системот довеле до апсурдна состојба – „градот на две води“ да остане без вода. Таа предупредува дека е неопходна итна и сеопфатна контрола на сите концесионери и економски субјекти што вршат експлоатација, со цел да се утврди дали токму тие активности придонеле за актуелната криза.

Воедно, таа упати јавен апел до Министерство за внатрешни работи и до Основно јавно обвинителство Струга да постапат по допрен глас и да не чекаат нов еколошки инцидент за да ги утврдат евентуалните незаконски активности и злоупотреби.

„Не смее да се дозволи поединци да остваруваат милионски профити преку незаконска експлоатација, додека цената ја плаќаат Стружани “, посочува Мојсоска и додава дека „секој купен глас скапо кошта“.

Левица

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан