• понеделник, 15 декември 2025

Московјанките најмногу се средуваат за самослик

Московјанките најмногу се средуваат за самослик

Москва, 15 декември 2025 (МИА) - Лондончаните речиси секогаш се сериозни на своите самослик, додека московјаните, особено жените, се максимално средени и подготвени за фотографирање, открива истражување спроведено по повод изложбата на самослик „Биг бенг дата“, отворена во британската престолнина.

Од вкупно 152.462 фотографии објавени на Инстаграм во рамки на проектот „Селфисити Лондон“ (Selfiecity London) на изложбата во културниот центар „Сомерсет хаус“, избрани се 640 самослици, што се снимени во текот на една недела во септември, во круг од пет квадратни километри околу музејот. Задолжен за проектот „Селфисити“ е Лев Манович, професор по компјутерски науки на Универзитетот во Њујорк.

Тој истакна дека  целта на проектот е да се утврди дали самослиците можат да откријат нешто повеќе за културните разлики и човековото однесување.

За собирање и анализа на самослиците биле задолжени осум стручни лица од различни градови ширум светот и тоа Бангкок, Берлин, Москва, Њујорк и Сао Паоло.

Истражувањето покажало дека секој град има свои особености. На пример: жителите на Лондон најмалку се смеат на самослиците  а и често ги затвораат очите, најшироки насмевки има на самослиците  од Бангкок и Сао Паоло, додека во Москва и Њујорк тие се значително помалку. Во Лондон, најголеми љубители на самослик се повозрасните мажи, во Бангкок - младите, а пак, во Москва доминираат жените, секогаш дотерани и позирајќи како за насловна страница на модно списание. мв/миу/

Фото: ВИ

Остани поврзан