• четврток, 19 март 2026

Младите ракометари на Еурофарм Пелистер против данскиот шампион Алборг

Младите ракометари на Еурофарм Пелистер против данскиот шампион Алборг

Битола, 27 февруари 2026 (МИА) - Младите ракометари на Еурофарм Пелистер повторно ќе учествуваат на предквалификациски турнир за младински ракометни шампиони, организиран од Европската ракометна федерација кој следниот месец ќе се одржи во Пореч, Хрватска.

Во рамки на ЕХФ Лига на шампиони за млади, битолчани на 30 март силите ќе ги одмерат со врсниците од Данска кои настапуваат во шампионот Алборг и доколку победат, во финалниот дуел за пласман на Ф4 турнирот во Келн, ќе се соочат со победникот од дуелот меѓу младинските шампиони на РК Загреб од Хрваска и РК Фуксе Берлин од Германија.

Како што е познато, младите ракометари на Еурофарм Пелистер минатата година како прв македонски младински тим учествуваа на финалниот турнир во Келн во познатата „Ланксе Арена“. мт/дма/

 

Фото: РК Еурофарм Пелистер

 

Остани поврзан