Мицкоски на самитот на Европската народна партија во Брисел: Одлична можност за продлабочување на партнерствата
- - Денес имав чест да присуствувам на самитот на ЕПП, каде што заедно со истакнати лидери и претставници од Европа се дискутираа клучни прашања за иднината на нашиот континент. Размената на идеи, искуства и визии беше од особено значење, а атмосферата беше исполнета со енергија, соработка и заедничка посветеност кон европските вредности. Овој самит претставуваше одлична можност за продлабочување на партнерствата и за зајакнување на улогата на нашата земја во европските процеси. Убеден сум дека ваквите средби придонесуваат за подобра иднина и посилна Европа за сите нас - објави Мицкоски на својот фејсбук-профил.
Веста е достапна само за претплатниците на веб-сервисот на МИА.
Логирајте се или контактирајте го секторот за маркетинг за повеќе информации.