Мицкоски во посета на општина Струга
- Како што најави владината прес-служба, Мицкоски ќе присуствува на почнувањето на изградба на проект за систем за одводнување фекални отпадни води во село Враништа.
Струга, 9 април 2026 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе престојува во посета на општина Струга. Како што најави владината прес-служба, Мицкоски ќе присуствува на почнувањето на изградба на проект за систем за одводнување на фекални отпадни води во село Враништа.
Потоа ќе изврши увид на градежните активности на реконструкција на туристичката улица во Струга, каде што ќе даде изјава за медиумите.
На крајот од посетата, наведуваат од Владата, ќе присуствува на увид на градежните активности на реконструкција на улицата во населбата Езерски Лозја. ац/
Фото: МИА архива