Мисајловски и Лафчиски на брифинг со одбранбените аташеи акредитирани во земјава
- Најавени се обраќања на министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, како и на доајенот на Асоцијацијата на одбранбени аташеи, романското аташе полковник Каталин-Петре Арцип
Скопје, 22 декември 2025 (МИА) - Во Клубот на пратеници во Скопје денеска ќе се одржи редовен годишен брифинг на Министерството за одбрана со одбранбените аташеи акредитирани во земјава.
Најавени се обраќања на министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, како и на доајенот на Асоцијацијата на одбранбени аташеи, романското аташе полковник Каталин-Петре Арцип.лв/мд/
фото: МИА архива