Министерството за дигитална трансформација со поддршка од САД за кибербезбедност и инфраструктура
- Министерството за дигитална трансформација информира дека со усвојување заедничка изјава успешно заврши стратешкиот дијалог помеѓу Македонија и Соединетите Американски Држави во Вашингтон, со конкретни резултати во областа на кибербезбедноста и дигиталната инфраструктура.
Скопје, 9 април 2026 (МИА) - Министерството за дигитална трансформација информира дека со усвојување заедничка изјава успешно заврши стратешкиот дијалог помеѓу Македонија и Соединетите Американски Држави во Вашингтон, со конкретни резултати во областа на кибербезбедноста и дигиталната инфраструктура.
- Соединетите Американски Држави ја најавија својата намера за обезбедување техничка поддршка за зајакнување на дигиталната инфраструктура на институциите во Македонија преку програмата FALCON (Foreign Assistance Leveraged for Cybersecurity Operational Needs). Во рамките на оваа поддршка ќе бидат спроведени сеопфатни процени на кибербезбедноста на критичната инфраструктура и други важни мрежи, со цел: идентификација на ранливости, препорака на конкретни мерки за нивно отстранување, поддршка при носење одлуки за набавка на современи и доверливи кибербезбедносни решенија - стои во соопштението од Министерството.

Дополнително, како што наведуваат, предвидено е ангажирање кибероветници, кои веќе се во контакт со Министерството за дигитална трансформација и Министерството за одбрана, со цел зајакнување на националните капацитети за киберодбрана, подобрување на оперативната подготвеност и зголемување на отпорноста на институциите.
- Воедно, САД најавија и поддршка во износ од 5 милиони долари преку програмата за странска помош, наменета за развој на киберкапацитети и унапредување на заштитата на одбранбената инфраструктура преку обезбедување опрема и обуки. Овие активности се во целосна согласност со националните приоритети за дигитална трансформација и кибербезбедност, вклучително и имплементацијата на Националната стратегија за кибербезбедност 2025 - 2028, како и усогласувањето со европските стандарди, особено со директивата NIS2 - дополнуваат од таму. ар/
Фото: МДТ