• недела, 08 март 2026

Министерство за транспорт: Во дијалог со ЕК се операционализираат решенија за барањата на македонските превозници

Министерство за транспорт: Во дијалог со ЕК се операционализираат решенија за барањата на македонските превозници

Скопје, 16 февруари 2026 (МИА) - Министерството за транспорт информира дека во координација со Европската комисија се работи на трајно решение во врска со престојот на превозниците во шенген-зоната, како и дека ресорните министерства изминатиов период се во интензивна комуникација со ЕК со цел да се изнајде решение за проблемот.

- Министерството за транпсорт е во постојана комуникација со превозниците, како и со Европската комисија, со цел изнаоѓање решение во рамките на новата визна стратегија што ја промовира Европската Унија, каде што се отвора можноста возачите да бидат третирани како професионалци, како и можностите за друг вид визи. Би сакале да потенцираме дека е најавено одложување на примената на ЕЕС-системот и дека активно сите фактори работат на решавање на овој проблем - велат од Министерството за транспорт.

Дијалогот со Европската комисија, како што нагласуваат, е активен и сите можности се разгледуваат од страна на техничка работна група составена од сите ресорни министерства и претставници на Европската комисија.

- Во следниот период разговорите продолжуваат со засилена динамика со цел наоѓање трајно решение, кое е прифатливо за сите страни. Како Министерство, апелираме да не се потпаѓа на шпекулации и секаков вид непроверени информации, кои може да му наштетат на дијалогот, особено не на шпекулации од соседните држави. Секоја држава одлучува за себе. Македонија продолжува со дијалог за трајно решение - се вели во соопштението од Министерството за транспорт. сст/са/

Фото: МИА архива
 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан