• вторник, 21 април 2026

Министерот Сали се сретна со претседателот на Исламската верска заедница на Република Турција, Арпагуш

Министерот Сали се сретна со претседателот на Исламската верска заедница на Република Турција, Арпагуш

Скопје, 1 април 2026 (МИА) - Во просториите на Владата на Северна Македонија,  првиот заменик-претседател на Владата, и министер за надворешна работа Беким Сали, оствари средба со претседателот на Исламската верска заедница на Република Турција, Сали Арпагуш, Реис-ул-улема Шаќир еф. Фетаху, како и амбасадорот на Република Турција во земјава, Фатих Улусој.

-За време на средбата се одржа плодна дискусија, со посебен акцент на зајакнувањето на братските односи меѓу двете земји, како и на унапредувањето на меѓурелигиската и институционалната соработка. Соговорниците ја истакнаа важноста на дијалогот и меѓусебното разбирање во промовирањето на мирот, стабилноста и заедничките вредности, велат од МЕП.

Во овој контекст било нагласено дека традиционалните пријателски односи меѓу Северна Македонија и Турција претставуваат цврста основа за продлабочување на соработката во иднина, особено во областите од заеднички интерес за граѓаните на двете земји. сст/са/

Фото Министерство за европски прашања

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан