Министерот за европски прашања, Сали, утре во официјална посета на Украина
- Во рамките на посетата министерот Сали ќе учествува на заедничка комеморативна церемонија во чест на загинатите бранители на Украина и ќе оствари повеќе средби со високи претставници на украинските институции, задолжени за европската и евро-атлантската интеграција.
Скопје, 23 февруари 2026 (МИА) - Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, утре ќе престојува во официјална работна посета на Киев, Украина.
Во рамките на посетата министерот Сали ќе учествува на заедничка комеморативна церемонија во чест на загинатите бранители на Украина и ќе оствари повеќе средби со високи претставници на украинските институции, задолжени за европската и евро-атлантската интеграција.
- Посетата има цел продлабочување на билатералната соработка, размена на искуства во процесот на европската интеграција и изразување поддршка за Украина - информираат од Министерството за европски прашања. мч/
Фото: МИА архива