Минатата недела во Центар санкционирани 123 непрописно паркирани возила
- ЈП „Паркинзи“ на Општина Центар во периодот од 15 до 21 декември, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстрани 123 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
Скопје, 23 декември 2025 (МИА) - ЈП „Паркинзи“ на Општина Центар во периодот од 15 до 21 декември, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстрани 123 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
Како што информира, за трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура.
-Во наредниот период ќе продолжиме со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот, наведува ЈП Паркинзи на Општина Центар. мч/дма/
Фото: ПОЦ