Мигел Дијаз-Канел: САД немаат оправдана причина да ја нападнат Куба
- Кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел денеска изјави дека САД немаат оправдана причина да започнат воен напад врз тој остров или да се обидат да го соборат од власт.
Хавана, 12 април 2026 (МИА) - Кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел денеска изјави дека САД немаат оправдана причина да започнат воен напад врз тој остров или да се обидат да го соборат од власт.
Во интервју за Ен-Би-Си Њуз, Дијаз-Канел рече дека инвазија врз Куба би била скапа и би влијаела на регионалната безбедност, и дека доколку се случи тоа, Кубанците ќе се бранат.
„Ако дојде време, не мислам дека би имало какво било оправдување САД да започнат воена агресија против Куба, или САД да го киднапираат претседателот“, рече Дијаз-Канел. зш/