• четврток, 25 декември 2025
МИА Најави МКД

20 декември 2025

Скопје - Министерот за одбрана Владо Мисајловски ќе го отвори Меморијалниот турнир во мал фудбал, во чест на загинатите припадници на Армијата во 2001 година и загинатите припадници на полицијата од настаните во Куманово во 2015 година. (Спортски центар „Борис Трајковски“ – мала сала/09:30, пристигнување на медиуми во 09:15)

Скопје - Хуманитарен „Божиќен базар – Гнездо 2025“: Заедно за поддршка на децата и младите од ранливи категории. (Дневен центар „Гнездо“,ул. Трета Македонска бригада бр. 10А/12:00-18.00)

Скопје - Почнува 9-тото издание на скопскиот вински салон Винодонија 2025. (х. Мериот/16 :00)

Скопје - Конгрес на Демократската унија за интеграција. ( „Александер Палас“/13:00) 

Дебар -  Здружението „Рајчица“ организира панел дискусија на тема  „Да водиме со личен пример“. (х. Венец/12:00

Скопје -  Центарот за истражување на предисторијата и Националниот археолошки музеј ќе ја промовираат  книгата „Со злато против смртта: Иконографија и семиотика на раноантичките златни погребни апликации од Македонија“ на проф. д-р Никос Чаусидис. (Национален археолошки музеј/19:00)

Скопје - Промоција на романот за деца и млади „Илина и тајните на Бабин Заб“ од Хана Корнети. (кафе бар Вудсток/17:00

Скопје - „Дедо Мраз дојде со воз“ -  специјална новогодишна театарска претстава за деца на Железничка станица – Скопје. (19:00

Битола -  Изложба „Апологија на простор и време II“ на уметницата Љубица Мешкова Солак. (Културен центар Магаза / 19:00)

Скопје - Концерт и промоција на проектот „Кадифено“ на Зарина Првасевда во Македонска филхармонија. 

Скопје - Јубилеен концерт „40 години Горан Таневски". (МКЦ/20:30

Скопје - Ретроспективна мултимедијална изложба „Рефлексии“. (Национална галерија Чифте Амам/19:00)  

 Охрид - Новогодишен концерт  на НУ „Охридско лето“. ( Центар за култура „Григор Прличев“/20:00) 

Крушево - Манифестација  „Празничен шепот на крушевската чаршија“, во организација на Здружението „Културен Манифест“. (18:00)

___________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан