• четврток, 25 декември 2025
МИА Најави МКД

19 декември 2025

Скопје -  Претседателот на Турската агенција за соработка и координација ТИКА Абдулах Ерен, во посета на Собранието. (Сала на Влада/14:30) 

Скопје - Премиерот Христијан Мицкоски ќе се обрати на промоција на Национална стратегија за развој на ИКТ – СМАРТ/МК 2030. (х. „Хилтон“ /10:00)

Скопје - Премиерот Христијан Мицкоски ќе ја посети фабриката „Алкалоид“ АД Скопје. (Автокоманда /14:30, Изјава за медиуми 14:40)

Скопје - Министерката за образование и наука Весна Јаневска ќе се обрати на отворањето на научно-истражувачкиот центар „Знаење+ СО2-“. (Градежен факултет /11:00)

Скопје - Прес-конференција на министерот за здравство Азир Алиу. (Министерството за здравство, горна сала /10:00) 

Битола - Свечено отворање на Почесен конзулат на Австрија во Битола. (ул.„Виенска“ број 6/11:00)

Битола - Прес-конференција на градоначалникот Тони Коњановски за програмата „Зимска приказна“. (Плоштад Магнолија/13:00)

Скопје - Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија организира јавна трибина за Безбеден град. (Факултет за туризам и менаџмент- Скопје од 10:00-14:00)

Штип - Прес-конференција за проектот: „Интегриран развој на препознатлив културен и close-to-nature туризам во Источен плански регион и регион Благоевград“. ( х. Оаза/12:45)

Скопје - Прес-конференција на Граѓанската иницијатива ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД. (Пред влезот на Град Скопје/12:00)

Скопје - Прес-конференција по повод концертот на Зарина Првасевда со наслов „Кадифено“. (Простории на Аудиокултура,  https://share.google/ae5i2hdLqGTjTEGYu/11:30)

Скпје - Промоција на три нови изданија „Етнографски материјали од проф. Ѓорги Здравев“, „Долно Дупени: етнолошки белешки од животот и обичаите на една населба во Долна Преспа“ од Бранислав Русиќ, и најновиот број 25 од списанието ЕтноАнтропоЗум. (Институт за етнологија и антропологија, Природно-математички факултет, долна зграда, училница 19/12:00)

Скопје - Промоција на стручната монографија со изложба на студентски проекти „Спортот и градот“ - Архитектонско урбанистички интервенции за здрави и активни градови. (Галерија „КО-РА“- голем салон/19:00)

Софија - Сценско-музичка интерпретација на народна и антологиска македонска поезија со учество на актерот и режисер Васил Михаил и музичарот- гитарист, Слободан Боби Ѓошиќ. (Македонски КИЦ во Софија/18:30)

Скопје - Отворање на новиот простор на Lotus Lounge Chair, Gallery со изложба на Владимир Лукаш - „Пикник во лавиринтот“. (Lotus Lounge Chair
Galleryxs ул.„Мирослав Крлежа“ бр. 67. Дебар Маало)

Истанбул - Отворање на изложбата „Поема на атомите“ на Благојче Петровски. (Галерија на Македонскиот културен центар/20:00)

Истанбул - Концерт на МАКБРАС - тромбон квартет. (Македонски културен центар во Истанбул/19:00)

Скопје - Концерт на Буч Кесиди. (МКЦ/20:00)

________________________________________________________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан