27 мај 2026
Скопје - Претседателката Гордана Сиљановска - Давкова ќе се обрати пред учесниците на 4. Форум за културна дипломатија Скопје 2026, којшто се одржува на тема „Од крстопати кон поврзувања: Културната дипломатија и иднината на глобалниот дијалог“. (Кабинет на претседателот, Вила Водно, 19:00/пристигнување на медиумски екипи/18:45)
Скопје - Преставници на „Open World“ програмата на Конгресна канцеларија за меѓународно лидерство на САД во посета на Собранието, што што ќе остварат средби со потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, генералниот секретар и замениците на генералниот секретар на Собранието и со пратеници алумнисти на програмата. (Собрание / 12:55)
Скопје - Министерката за образование и наука Весна Јаневска ќе присуствува на потпишување на Меморандум за соработка во областа на циркуларната економија помеѓу УКИМ, заедно со Градежниот факултет и Економскиот факултет и партнерските институции од Северна Рајна-Вестфалија, односно TH Köln и FernUniversität Hagen. (Градежен факултет/11:15)
Скопје - Министерот за култура и туризам Зоран Љутков ќе ја посети НУ Оркестар за џез музика на Македонија. (11:30/изјава за медиуми 11:45)
Скопје - Портпаролот на Владата Марија Митева и Бобан Милошески од „Авалон Продукција“ ќе одржат прес- конференција за медиуми по повод одбележувањето на „35 години независност“. (Македонска филхармонија (мала сала) / 12:00)
Скопје - Центарот за истражување и креирање политики, во соработка со Фондацијата Конрад Аденауер ќе одржи настан посветен на конкурентноста, иновациите и дигиталната трансформација во земјите од Западен Балкан. (х.„Холидеј ин“, сала „Милениум 1“/10:00, изјави за медиумите/12:15)
Скопје - Работилница на тема „Генеративна вештачка интелигенција во секојдневното работење“ во организација на ИНОФЕИТ ЕДИХ. (Инофеит/9:00)
Скопје - Хибридна тридневна конференција, насловена „Надминување на поларизацијата, растечкиот евроскептицизам и ерозијата на довербата во процесот меѓу граѓанското општество во Северна Македонија и Србија“. („20 Октомври“ бр. 8-2/10:30)
Скопје – Предавање и отворена дискусија „Економија на заемноста: редефинирање на економската парадигма“ на д-р Џеј Јакуб, во организација Центарот за стратешки истражувања „Ксенте Богоев“ при Македонска академија на науките и уметностите и Сојуз на економистите на Македонија. (Амфитеатар на МАНУ /12:00)
Скопје - Здружението Икуалити, во рамки на меѓународниот проект „ID: CITIZEN“, ќе одржи онлајн конференција посветена на унапредување на пристапноста, универзалниот дизајн и системските решенија за еднакво учество на лицата со попреченост во јавниот простор и заедницата. (Преку платформата ZOOM/10:00)
Скопје - Националното здружение за мултипла склероза ќе одржи прес-конференција по повод одбележувањето на Светскиот ден на мултипла склероза. (Europe House/11:00)
Скопје - Работилница „Креативно пишување како алатка и простор за запознавање на својот автентичен глас“, под менторство на Ксенија Николова. (КИЦ, Салон – Империјал 2/17:00)
Скопје - Промоција на биографијата за Владимир Богоевски. (х.„Холидеј Ин“/12:00)
Скопје - Прес-конференција на Јован Јованов и Елвир Мекиќ по повод големиот концерт на 6. јуни во Арена „Борис Трјаковски“. (INTERMEZZO music bar/ 13:00)
Скопје - Премиера на „Избраниот“ од Ева Камчевска, во режија на Јане Спасиќ. (Театар Комедија/20:00)
Валандово - Фолк Фест Валандово 2026 под слоганот „Да ни е жива песната македонска“. (Сала „Јанко Узунов“/20:30)
Куманово - ФИЛМАЈ 2026 фестивал на краток филм. (Занаетчиски дом - Куманово/20:00)
Скопје - Во рамките на Мајски оперски вечери, ќе биде изведена операта „Травијата“ од Џузепе Верди. (Национална опера и балет/20:00)
Струмица - „Денот на спортот“ во рамките на Плазма Спортските игри за млади. (Градски плоштад/10:30)
________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***