Меѓународниот Knowledge Creation Team Workshop на Универзитетот во Штип
- Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип од денеска до 20 февруари ќе биде домаќин на меѓународниот Knowledge Creation Team Workshop #3 во рамките на европската универзитетска алијанса ACE2EU.
Скопје, 18 февруари 2026 (МИА) - Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип од денеска до 20 февруари ќе биде домаќин на меѓународниот Knowledge Creation Team Workshop #3 во рамките на европската универзитетска алијанса ACE2EU.
Како што информира УГД Штип, настанот ќе обедини 30-ина истражувачи од девет европски универзитети, кои три дена ќе работат на развој на конкурентни истражувачки проекти во областа AI for Society & Smart Governance.
- Во текот на трите работни дена учесниците ќе работат на развој и структурирање проектни идеи, формирање интернационални истражувачки тимови, подготовка на конкретни предлог-проекти со европско влијание - информира Универзитетот.
Knowledge Creation Team Workshop #3 ќе биде свечено отворен денеска во Ттенинг-центарот на Правниот факултет при УГД. Како што е најавено, ќе се обратат министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, ректорот на УГД, Дејан Мираковски, и претставници на универзитетите во рамките на алијансата ACE2EU. хс/лв/
Фото: МИА архива