Мерц сака да продолжат владините консултации со Кина
- Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска повика на продолжување на владините консултации со кинеските претставници, додека престојува во посета на Кина за разговори со претседателот Шји Џјинпинг.
Пекинг, 25 февруари 2026 (МИА) – Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска повика на продолжување на владините консултации со кинеските претставници, додека престојува во посета на Кина за разговори со претседателот Шји Џјинпинг.
- Знам дека моите претходници редовно ја посетуваа Кина – рече Мерц за време на средбата со Шји. Тој истакна дека сака да ја продолжи оваа традиција, пренесе ДПА.
- Треба исто така да ги продолжиме германско-кинеските владини консултации, кои беа прекинати поради промената на власта во Берлин и пандемијата – додаде Мерц.
Шји рече дека забележал оти Мерц придава големо значење на односите со Кина.
- Под водство на Мерц, германската влада води политика кон Кина заснована на факти – додаде Шји.
Мерц денеска исто така се сретна со премиерот Ли Чијанг во Големата сала на народот, откако утрово слета во Пекинг.
Последните кинеско-германски владини консултации се одржаа во Берлин во 2023 година. Форматот се одржува од 2011 година и е наменет за продлабочување на соработката меѓу двете страни. јт/