• сабота, 19 септември 2026

Медиумите во Холандија предупредуваат на цензура: инспекцијата ги казни водечките весници поради текстови за „оземпик“

Медиумите во Холандија предупредуваат на цензура: инспекцијата ги казни водечките весници поради текстови за „оземпик“

Амстердам, 18 август 2026 (МИА) - Холандското здружение на новинарите, Здружението на главните уредници, Фондот за слобода на печатот и гранската организација на издавачите НДП (NDP) побараа итен разговор со Инспекторатот за здравствена заштита и млади, револтирани од високите глоби што ова тело им ги изрече на повеќе водечки весници поради нивното новинарско известување за лекот „оземпик“ (Ozempic).

Инспекторатот ги казни дневните весници Ен-ер-се, „Волкскрант“, „Алгемејн дагблад“ и „Телеграф“ со образложение дека со објавените текстови за „оземпик“ извршиле јавно рекламирање на лекот, што е стриктно забрането со холандскиот Закон за лековите, објави весникот „Финансиеле дагблад“ (Financieele Dagblad).

„Незадоволството и загриженоста поради овие глоби се присутни кај сите во медиумскиот сектор. Ова е загрижувачки тренд што создава ефект на застрашување врз работата на новинарите, чија основна улога е објективно информирање на јавноста. Високите глоби ги спречуваат новинарите слободно да пишуваат и отвораат реален ризик од појава на самоцензура при известувањето за фармацевтски производи и лекови“, предупреди секретарот на Холандското здружение на новинарите, Томас Брунинг. ссм/

фото: архива