МВР Билтен
- СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.И.(67) од с.Орашје, општина Јегуновце, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 11.02.2026, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово извршиле преглед кај пријавениот, при што бил пронајден и одземен хероин.
Скопје, 20 февруари 2026 (МИА) - СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.И.(67) од с.Орашје, општина Јегуновце, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 11.02.2026, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово извршиле преглед кај пријавениот, при што бил пронајден и одземен хероин.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против М.С.(43) од Македонска Каменица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 09.01.2026 во Македонска Каменица, пријавениот агресивно се однесувал и упатувал закани на Ф.В..
СВР Штип поднесе кривична пријава против Д.И.(25) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“. Пријавениот, надвор од работно време дошол во продажен објект во Штип, во кој работел и со клуч кој го имал кај себе, влегол во објектот и земал пари.
На 19.02.2026 во 16:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Партизански Одреди“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.П.А.О.(55) од Скопје, патничко возило „бмв“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од А.Ј.(20) од Крива Паланка и мотоцикл „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.К.(34) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
На 19.02.2026 во 11:05 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека на булевар „Гевгелија“ во Гевгелија патничко возило „ланд ровер“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од 76-годишниот Л.Р. од Гевгелија удрило во 77-годишната Б.Д. од Гевгелија, која туркала велосипед. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Б.Д., констатирани во Јавна здравствена установа Гевгелија. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Гевгелија.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ј.З.(28) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори‘‘. На 10.07.2025 полициски службеници извршиле преглед кај пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.
На 19.02.2026 околу 13:30 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го приведоа С.В.(45) од Италија. При гранични проверки и контрола на возило со италијански национални ознаки, кое го управувал, пронајдени се и одземени осум импровизирани направи со игла за активирање на непозната муниција, пиштол калибар 22, шест кутивчиња со по 100 парчиња муниција, едно кутивче со 200 парчиња муниција, едно кутивче со 60 парчиња муниција и други предмети. По наредба на јавен обвинител, лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 19.02.2026 во 17:00 часот на Граничен премин Блаце, полициски службеници го лишија од слобода М.В.(64) од Косово, затоа што при гранична контрола и проверка било констатирано дека евидира со мерка „апси“ по барање на Интерпол Унгарија. Лицето е предадено на полициски службеници од Полициско одделение Мирковци за понатамошна постапка.
На 19.02.2026 во 15:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во индустриска зона на подрачјето на општина Петровец, при изведување работни задачи на објект во изградба на една фабрика, од висина паднал метален профил врз Е.А.(23) од Велес, кој од здобиените повреди починал на местото на настанот. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција. За настанот е известен трудов инспектор, а извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.
СВР Струмица поднесе кривична пријава против Г.Б.(37) од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измамување на купувачи“. На 10.02.2026 и во два наврати на 18.02.2026, пријавениот и неговиот малолетен син, со намера да измамат купувачи на подрачјето на Радовиш, пуштиле во промет производи со ознака на позната марка, кои не одговараат на потеклото или квалитетот на оригиналните производи, при што се стекнале со противправна имотна корист од 250 евра и златен накит, кој го прифатиле за наплата како замена за пари. На 18.02.2026 пријавениот и неговиот малолетен син, се затекнати во Радовиш со патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки и при извршен преглед на возилото, биле пронајдени и одземени повеќе различни комплети со ознака на позната марка, а при извршен преглед над нив, се пронајдени и одземени пари и златен накит, кои пријавениот ги земал од измамените лица за наплата на купените производи.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ф.С.(36) од струшкото село Велешта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Пријавениот, неовластено набавил марихуана, ја препакувал и ја продал на едно лице од Охрид, која му била пронајдена при преглед во неговото патничко возило.
На 20.02.2026 во 00:50 часот во Скопје, на паркинг простор на подрачјето на Чаир, по претходно недоразбирање во сообраќајот бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 16-годишник од с.Чучер Сандево, скопско и Љ.Б.(37) од с.Бразда, скопско, од една страна и Д.Е.(52) и С.Ј.(45), двајцата од с.Арачиново, од друга страна. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 19.02.2026 во 10:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода С.С.(42) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 18.02.2026 во семејниот дом на подрачјето на Шуто Оризари ја нападнал неговата сопруга, при што употребил тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 19.02.2026 во 22:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.П.К.(41) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговата 40-годишна партнерка дека во семејниот дом во Скопје физички ја нападнал неа и нејзиниот малолетен син. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.
На 19.02.2026 во 10:15 часот во СВР Скопје, Т.Д.(43) од с.Булачани, скопско пријави дека во и пред угостителски објект во с.Црешево, по претходна расправија, бил физички нападнат од И.И., при што му биле нанесени тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 19.02.2026 во 12:00 часот во СВР Скопје, 81-годишен маж од Скопје пријави дека на 18.02.2026 околу 15:30 часот во станбена зграда на подрачјето на Чаир во Скопје бил физички нападнат од неговиот зет С.А., при што му биле нанесени тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 19.02.2026 во 12:30 часот во ОВР Неготино, 76-годишен неготинец пријави дека бил измамен од едно лице за сума од 4000 евра. Според пријавеното, лицето побарало од оштетениот да му даде 4.000 евра за да му ги покаже на друго лице, кое го претставил како странски државјанин, а за да му докаже дека еврото е валидна валута во земјава. Како што е пријавено, тој му ги дал парите, а лицето му дало чанта со катaнец да ја чува како доказ дека ќе се врати. Откако, оштетениот ја отворил чантата сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 19.02.2026 во 17:15 часот во ОВР Неготино, 81-годишна неготинка пријави дека била измамена од едно лице за сума од 3000 евра. Според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка во моментот е во болница со скршеница и треба да се изврши оперативен зафат за што требало да плати. Како што е пријавено, таа ги оставила парите на договореното место, а подоцна сфатила дека е измамена. Се преземаат мерки за расчистување на настанот. миа/миа/
фото: МИА архива