• четврток, 26 февруари 2026

Манчестер сити го победи Њукасл и ќе игра против Арсенал во финалето на Лига купот

Манчестер сити го победи Њукасл и ќе игра против Арсенал во финалето на Лига купот

Манчестер, 5 февруари 2026 (МИА) - Манчестер сити синоќа го победи Њукасл со 3:1 во реваншот од полуфиналето на Лига Купот на Англија. Натпреварот се одигра на стадионот „Етихад“ во Манчестер.

Во 7. минута, напаѓачот на Сити, Омар Мармуш, го отвори резултатот. Дваесет минути подоцна истиот фудбалер зголеми на 2:0, а Тијани Рејндерс во 32.минута погоди за 3:0.

Единствениот гол за Њукасл е дело на Ентони Еланга на почетокот на второто полувреме.

„Граѓаните“ победија и на првиот натпревар и со вкупни 5:1 одат во финалето.

Во финалето, Манчестер сити ќе се соочи со Арсенал, кој го победи Челзи. Натпреварот ќе се игра на 22 март, на стадионот „Вембли“ во Лондон. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан