• вторник, 31 март 2026

Манасиевски: Освен лојалистите на Заев, веќе никој нема доверба во Филипче и во СДС

Манасиевски: Освен лојалистите на Заев, веќе никој нема доверба во Филипче и во СДС

Скопје, 31 октомври 2026

Филипче со 3,6% рејтинг од граѓаните се уште ги слуша лошите совети на Башановиќ и на Заев. Освен лојалистите на Заев, веќе никој нема доверба во Филипче и во СДС. Филипче заедно со Заев и Башановиќ ја доведоа СДС на раб на статистичка грешка, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.

Филипче функционира само по директива на Заев, а сега со новиот ПР шеф Башановиќ продолжува кон тонење во политичкото мочуриште.

Истите луѓе на Заев кои до пред неколку години заедно го водеа СДС, сега се здружени со Филипче и одат кон пропаст.

Во Македонија нема опозиција поради Филипче и СДС. Нивните празни флоскули и демагогии кои ги шират во јавноста не поминуваат и граѓаните тоа го казнуваат.

Реформи, дистанцирање и оградување од Заев и Филипче, токму ова му е потребно на СДС за да биде конструктивна, легитимна и кредибилна опозиција.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан