• среда, 01 април 2026

Макрон во официјална посета на Јапонија

Макрон во официјална посета на Јапонија

Токио, 31 март 2026 (МИА) - Претседателот на Франција, Емануел Макрон, денеска пристигна во официјална посета на Јапонија насочена кон зајакнување на билатералните врски во областите на нуклеарната енергија и технолошките и вселенските иновации. Се очекува Макрон да разговара и за војната на Блискиот Исток.

Макрон утре има економски и политички разговори со јапонски претставници, а в четврток предвиден е ручек со јапонскиот цар Нарухито.

Тоа е четврта посета на Макрон на Јапонија, но прва откако Санае Такаичи е премиерка.

Макрон по посетата на Јапонија, ќе отпатува за Јужна Кореја. ми/јт/

фото: ЕПА

Остани поврзан