• вторник, 13 јануари 2026

Лишен од слобода жител на Криволак, му биле пронајдени пиротехнички средства

Лишен од слобода жител на Криволак, му биле пронајдени пиротехнички средства

Неготино, 23 декември 2025 (МИА) -  Лишен од слобода бил жител на неготинското село Криволак, му биле пронајдени пиротехнички средства, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес. 

-Утрово во 07:40 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода И.Р.(34) од с.Криволак, неготинско. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се пиротехнички средства. Тој е приведен во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од СВР Велес. свд/вј/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан