Лидерите на ЕУ на состанок во Брисел ќе бараат начин да ја направат Европа помалку зависна од Трамп
- Лидерите на ЕУ ќе одржат состанок денеска во замокот Алден Бизен во белгискoто село Ријховен за да разговараат како да ја направат Европа поконкурентна и помалку зависна од Америка за време на мандатот на Доналд Трамп.
Брисел, 12 февруари 2026 (МИА) - Лидерите на ЕУ ќе одржат состанок денеска во замокот Алден Бизен во белгискoто село Ријховен за да разговараат како да ја направат Европа поконкурентна и помалку зависна од Америка за време на мандатот на Доналд Трамп.
Намалувањето на бирократијата ќе биде главна тема на дискусија, а в среда претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека земјите членки на ЕУ се виновни за прекумерните правила, а не само Брисел, пишува „“Политико“.
„Ако го погледнете последниот Евробарометар, секој граѓанин во секоја земја ги наведе трошоците за живот и достапноста како своја грижа број еден. Затоа сите наши мерки мора да бидат насочени кон решавање на тоа прашање. Ако не го сториме тоа, губиме легитимитет и кредибилитет“, изјави претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, во пресрет на состанокот.
Таа исто така рече дека ЕУ мора да се грижи за заштедите и инвестициите и истакна дека на блокот му недостигаат доволно инструменти за да ги претвори заштедите во економски раст. Мецола рече дека премногу бариери спречуваат парите и капиталот слободно да се движат меѓу земјите членки. рп/мс/
Фото: ЕПА