• четврток, 25 декември 2025

Лидерите на ЕУ изразија целосна солидарност со Данска и Гренланд по изјавите на Ландри

Лидерите на ЕУ изразија целосна солидарност со Данска и Гренланд по изјавите на Ландри

Брисел, 23 декември 2025 (МИА) – Целосна сме солидарни со Данска и со народот на Гренланд, порачаа претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта и претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен во идентични објави на Икс, како реакција на изјавата на новоименуваниот американски претставник за Гренланд, Џеф Ландри дека е „почестен што служи за Гренланд да стане дел од САД“.

- Територијалниот интегритет и суверенитет се фундаментални принципи на меѓународното право. Овие принципи се од суштинско значење не само за Европската Унија, туку и за земјите ширум светот, наведоа Кошта и Фон дер Лајен во објавата.

Според нив, безбедноста во регионот на Арктикот останува клучен приоритет за Европската Унија, која за таа цел се стреми да соработува со сојузниците и партнерите.

Во одвоена реакција, исто така на Икс, високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас порача дека Гренланд е автономна територија во составот на Кралството Данска и за сите промени на тој статус можат да одлучат само Гренланѓаните и Данците.

- Очекуваме сите наши партнери да го почитуваат нивниот суверенитет и територијален интегритет и да се придржуваат кон своите меѓународни обврски, загарантирани меѓу другото во Повелбата на Обединетите нации и Северноатлантскиот договор, наведе Калас, изразувајќи притоа солидарност со Данска и Гренланд. сп/ми/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан