• вторник, 07 април 2026

Летен средношколски камп за историја и археологија „Наде Проева“ во Претор

Летен средношколски камп за историја и археологија „Наде Проева“ во Претор

Скопје, 7 април 2026 (МИА) - Од 29 јуни до 3 јули во летувалиштето Претор на Преспанското Езеро ќе се одржи кампот „Вљубете се во историјата“, во организација на фондот „Наде Проева“, наменет за ученици во трета година од средното образование.

Кампот е формиран со цел кај учесниците да го поттикне интересот за историјата, преку предавања поврзани со историската наука, посети на археолошки локалитети и истражување на минатото. 

-На работилници, водени дискусии и интерактивни сесии учесниците ќе се запознаат со историски методи, интерпретација на извори и клучни теми од античката до современата историја, со посебен акцент на развивање љубопитност и аналитички вештини. Kампот има цел да ги поттикне младите да се занимаваат со историјата, не само како академска дисциплина, туку како поле на истражување што ги поврзува идентитетот, културата и критичкото размислување, се наведува во повикот.

Максималниот број на учесници на кампот е 24. Фондот „Наде Проева“ целосно ќе го поддржи учеството на 12 избрани учесници, a уште 12 ќе може да учествуваат со покривање на основните трошоци за престој.  Заинтересираните треба да се пријават на е-адресата:  historycamp@nadeproeva.net

-Кампот е именуван во чест на проф. д-р Наде Проева, во знак на признание за нејзиниот придонес во историската наука и нејзината посветеност на
проучувањето на антиката и културниот идентитет, се наведува во соопштението. хс/са/

Фото: постер

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан