• петок, 27 февруари 2026

Летен курс за германски јазик и култура во Австрија

Летен курс за германски јазик и култура во Австрија

Скопје, 2 март 2023 (МИА) - Дипломатската академија во Виена известува за можноста за учество на  летен курс за германски јазик и култура во Австрија, кој ќе се одржува од 7 до 25 август 2023 во Виена.

-Програмата е висококвалитетна и разновидна, во траење од четири недели и ги опфаќа посебните потреби и интереси на возрасните ученици (минимум 18 години) од целиот свет, објави МОН.

Летниот курс ќе опфати: интензивна обука на германски јазик (од почетно до напредно ниво); предавања за австриската политика, историја и култура; екскурзии во национални и меѓународни организации, како и културни институции во Виена; истражувачки проекти во градот со цел да им се даде можност на учесниците потемелно да ја запознаат Виена и слободни активности.

Информации  и детали за пријавување се достапни на https://www.da-vienna.ac.at/en/ хс/лв/

FacebookTwitter

 

Остани поврзан