• сабота, 16 мај 2026
Лепчиња со семки

 

Брзи и вкусни лепчиња, кои во комбинација со хумус и зеленчук се одлични за појадок. 

 

 

Состојки:


250 грама маргарин
500 грама брашно
2 дл бело вино
1 дл масло
2 лажички сол
100 грама пржен сусам
100 грама пржен лен
100 грама излупен и пржен сончоглед
1 + 1 јајце (едното за тесто, другото за премачкување)
1 кесичка прашок за пециво

 

Подготовка:


Измешајте ги сите горенаведени состојки и замесете го тестото. Оставете го во фрижидер 1 час. Потоа развлечете го тестото со сукало и правете мали колачиња . Печете на 200°C во ненамастен плех за печење.

 

Фото: Фрипик

Остани поврзан