• сабота, 17 јануари 2026

Левица: Со предлог измените на Кривичниот законик се нудат козметички измени за спас на функционерите

Левица: Со предлог измените на Кривичниот законик се нудат козметички измени за спас на функционерите

Скопје, 28 декември 2025

Со предлог измените на Кривичниот законик што ДПМНЕ ги достави до Собранието власта се обидува да ја убеди јавноста дека ја враќа правдата. Но, тоа не е точно. Ова денес што се нуди не е реформа. Ова е обланда за идно амнестирање на функционери и за изрекување смешни казни за најтешки форми на корупција, се вели во соопштението од ПП Левица што МИА го пренесува интегрално.

По измените од 2023 година, за кои ДПМНЕ обезбеди кворум, клучното прашање не е колку предмети застареле, туку дали по овие измени воопшто ќе одговара некој носител на јавна функција?

Уставниот суд во февруари поведе постапка по измените од 2023 година и даде рок од шест месеци за исправка. Тој рок беше пробиен. Како и ветувањата на ДПМНЕ. Наместо транспарентна дебата, на 17 декември, во последен момент, беа поднесени предлог-измени без јавна дебата, без експертска анализа и без вклучување на стручната јавност.

До овој момент тие измени не се закажани ниту за прво читање што укажува на план за уште едно избрзано и нетранспарентно носење закон со далекусежни последици.

Власта лаже кога тврди дека со овие измени ја враќа правдата.

Фактите се следни: 

-Кај злоупотреба на службената положба се брише можноста за кривичен прогон по основ на „поголема повреда на правата на друг“, со што директно се стеснува инкриминацијата

-За прибавување значителна имотна корист казната се намалува од 3 до 20 години затвор, на 1 до 8 години.

-За злоупотреба на јавни пари иако формално се „враќаат“ казните се сведуваат на 4 до 10 години, наместо претходните 5 до 20 години затворска казна.

-Кај несовесно работење во службата се намалува кривичната одговорност и се сведува на парична наместо на затворска казна.

Ова не е заострување на казнената политика. Ова е правна рамка за поблаги казни и избегнување одговорност. 

Вистината е јасна: ДПМНЕ свесно чекаше предметите на нивните функционери да застарат, за сега со козметички поправки да ја замаскира сопствената неодговорност.

Ова не е враќање на правдата. Ова е амнестирање на високата корупција.

ПП Левица

Фото: МИА архива

Остани поврзан