Леброн за продолжувањето на кариерата по неговата 23. НБА сезона: Не знам, само сакам да живеам, тоа е сè
- Легендарниот НБА кошаркар, членот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс, рече дека сè уште не знае дали ќе продолжи да игра по неговата рекордна 23. сезона.
Лос Анџелес, 16 февруари 2026 (МИА) – Легендарниот НБА кошаркар, членот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс, рече дека сè уште не знае дали ќе продолжи да игра по неговата рекордна 23. сезона.
-Во овој момент не знам. Кога ќе одлучам, ќе дознаете и вие. Сега навистина Немам поим. Само сакам да живеам, тоа е сè, изјави за „ЕSPN“ 41-годишниот Американец.
Џејмс е со Лејкерси од 2018 година. Тој е четирикратен шампион на НБА (2012, 2013, 2016, 2020).
Во сезоната 2025/26 на НБА, Леброн имаше просек од 22,1 поен, 5,5 скока и седум асистенции во 35 натпревари. зс/
Фото: ЕПА