Ла Лига поднесе жалба до Европската комисија против Манчестер Сити
- Шпанската Ла Лига поднесе жалба до Европската комисија против Манчестер Сити, откри претседателот Хавиер Тебас. Во жалбата се наведува дека англискиот клуб го прекршил Законот за конкуренција на ЕУ. Тебас објави дека е доставена уште во 2023 година и е поврзан со Регулативата за странски субвенции. Станува збор за субвенции што ги даваат земји кои не се членки на ЕУ за компании кои работат во ЕУ. Аргументот на Ла Лига е дека Манчестер Сити добивал странски субвенции од Обединетите Арапски Емирати, што му овозможило на клубот да ја подобри својата конкурентска позиција, а истовремено да предизвика значителни нарушувања на различни национални и европски пазари

Веста е достапна само за претплатниците на веб-сервисот на МИА.
Логирајте се или контактирајте го секторот за маркетинг за повеќе информации.