• петок, 20 февруари 2026

Кунде би можел да премине од Барселона во Реал за 60 - 80 милиони евра

Кунде би можел да премине од Барселона во Реал за 60 - 80 милиони евра

Мадрид, 16 февруари 2026 (МИА) – Одбранбениот фудбалер на Барселона, Жил Кунде, би можел да ја продолжи кариерата во Реал Мадрид, кој покажува интерес за играчот.

Според „ Topskills Sports UK“, каталонскиот клуб го смета Французинот за недопирлив, но „Блауграната“ се подготвени да разгледаат трансфер доколку му бидат понудени 60 - 80 милиони евра. 

За фудбалерот интерес пројавува и премиерлигашот Челзи.

Кунде е во Барселона од 2022 година. Во сезоната 2025/26, тој одигра 36 натпревари за тимот во сите натпреварувања, постигнувајќи три гола и асистенции. 

Договорот на 27-годишниот Кунде со Каталонците е до летото 2030 година. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан