Кузеска: Парите што ги планираа за нов авион Владата да ги пренамени за минимална плата од 600 евра
- Време е да се укине луксузот на власта а работниците да добијат достоинствени плати, какви што заслужуваат. Бараме, парите што власта ги планираше за нов авион да се пренаменат за минимална плата од 600 евра за сите работници. Нема повеќе оправдувања дека „нема пари“, рече портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на денешната прес-конференција, што МИА ја пренесува интегрално.
20 фервуари 2026
Време е да се укине луксузот на власта а работниците да добијат достоинствени плати, какви што заслужуваат. Бараме, парите што власта ги планираше за нов авион да се пренаменат за минимална плата од 600 евра за сите работници. Нема повеќе оправдувања дека „нема пари“, рече портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на денешната прес-конференција, што МИА ја пренесува интегрално.
Имало пари за нов авион, мебел, уредување кабинети, коли, нека направат ребаланс на Буџетот и да ги пренаменат парите за плати.
Тешкото секојдневие, високите сметки и цените на храната ги доведоа работницичките семејства на работ, тие не можат да врзат крај со крај.
Над 200 илјадници работници имаат плати под 30.000 денари а синдикалната месечна кочнишка е веќе 66 иллјади денари.
Не стигаат платите за ништо, со минимална плата не можат да ги покријат основните трошоци, а нивниот труд останува потценет.
Со носење на „економски работници“ цената на трудот владата дополнително ја намалува.
Затоа работниците се приморани да протестираат на улиците. За достоинствени плати, за достоинвен живот, за корка леб.
Додека Мицкоски се луксузузира на сметка на народот и си оди на море со владиниот авион, со часовници од 60 илјади евра.
Уште им порачува на работниците дека платите им се добри, затоа што смета дека толку и работат.
Доста е луксуз на грбот на народот, доста е расфрлање со милиони, авиони, мали или големи.
Законот за минимална плата, поднесен од пратеничката група на СДСМ и коалицијата е дневен ред во Собранието.
Прифатете го. Направете ребаланс, парите за нов авион пренаменете ги за поголеми плати.
Без изговори. Без калкулации. Работниците да добијат плати какви што заслужуваат.
Одговор на новинарско прашање, Богданка Кузеска - портпаролка на СДСМ
Извештајот на Вајц е нова потврда: Власта ја турка Македонија во изолација
СДСМ уште вчера го коментираше токму извештајот на Вајц, а извештајот на известувачот за Северна Македонија во Европскиот парламент е уште една потврда на она што СДСМ со месеци го говори, Македонија е заглавена, реформи нема, а процесот на пристапување кон Европската Унија е сопрен.
Власта дефинитивно ја турка земјата во изолација.
Цитирам: „Процесот на пристапување е сопрен“, и ова не е оценка на опозицијата, туку официјален став наведен во овој извештај.
Во документот јасно се наведува дека нема напредок во владеењето на правото, правосудните реформи и борбата против корупцијата.
Пораката од Брисел е јасна, проширувањето може да се забрза, но само ако има вистински реформи и владеење на правото.
Корупцијата и криминалот гледаме дека секојдневно цветаат во Македонија, а секојдневно сме сведоци на криминални тендери, за што и ние како опозициска партија, СДСМ, веќе ја известуваме јавноста. А, гледаме и целосен молк од надлежните институции, кои треба да постапуваат по овие информации, што се објавуваат во јавноста.
Она што го гледаме е дека, наместо реформи, владата намерно отвора кавги со соседите за да ја оправда изолацијата и да ги блокира преговорите.
Води, дефинитивно, антиевропска кампања со обвинувања дека Европа е виновна.
Линк до видео: https://www.youtube.com/watch?v=IwPyZIzm_zE
Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска - портпаролка
СДСМ
Центар за комуникации со јавноста