• петок, 15 мај 2026

Критики за Дончиќ, го нема кога најмногу треба

Критики за Дончиќ, го нема кога најмногу треба

Лос Анџелес, 15.мај 2026 (МИА) – Словенечкиот репрезентативец Лука Дончиќ е во центарот на вниманието поради повредите, а поранешниот НБА шампион и аналитичар на телевизијата ЕСПН Кендрик Перкинс повлече паралела меѓу Дончиќ и Џоел Ембид. Словенецот не одигра ниту еден натпревар во плеј офот, а тимот беше елиминиран со 4:0 од Оклахома Сити.

-  Лука „влегува“ во територијата на Ембид. Кога е најпотребен на неговиот тим во плеј офот, него го нема на терен, изјави Перкинс.

Дончиќ и претходните сезони имаше проблеми со повредите пред сè со мускулите што се покажува како еден фактор за неговата физичка подготовка. Според анализите на лекарите потребен е и посериозен пристап за лекување на неговите повреди. мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан